in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Неодолив колач со јаболки и суво грозје: За подготовка на овој сочен десерт потребни ви се овие состојки и 4 чаши!

Денеска ви носиме рецепт за колач со јаболки кој сигурно ќе ви се допадне.

Начинот на подготовка е необичен, но и едноставен. Потребно ви е само да ги измешате состојките за тестото, а потоа да ги поделите во четири чаши. Потоа во калапот истурате по една чаша од тестото, а на крајот јаболките и сувото грозје и така сè додека не го потрошите материјалот.

Состојки:

  • – 160 гр. шеќер
  • – 160 гр. гриз
  • – 130 гр. брашно
  • – прстофат сол
  • – 1 кесичка ванилен шеќер
  • – 1 кесичка прашок за пециво
  • – 100 гр. путер
  • – 4-5 јаболки
  • – суво грозје
  • – 100 мл. млеко

Подготовка:

Измешајте го брашното, гризот, солта, шеќерот, ванилниот шеќер и прашакот за пециво, а потоа смесата поделете ја во четири чаши, на еднакви делови.

Во калап со големина од 22 сантиметри, кои претходно сте ги обложиле со хартија изрендајте малку путер на дното. Потоа истурете ја смесата од првата чаша, одозгора наредете тенко исецкани јаболки и суво грозје. Сето тоа редете го, додека не го потрошите целиот материјал. Кога ќе дојдете со последната шолја со јаболки и суво грозје, прелијте со млеко, а потоа истурете ја смесата од последната чаша. Одозгора изрендајте го останатиот путер и печете на 180 степени околу 40 минути.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote