in

ДАЛИ БИ ПЛАТИЛЕ ВИЕ? 1,3 милиони долари за паркинг место?!

Хонг Конг е една од најгусто населените урбани области во светот, па возачите на автомобили тешко наоѓаат паркинг место.

Неодамна, еден паркинг простор во областа Монт Николсон, каде се наоѓаат некои од највредните недвижнини во Азија, беше продаден за рекордни 10 милиони долари од Хонг Конг (1,3 милиони американски долари).

Местото за паркирање се наоѓа во станбена зграда со поглед на пристаништето Викторија во Хонг Конг и е едно од 29-те продадени во рамките на тендерот што им беше понуден на сопствениците на станбени единици минатиот месец.

Ова е нов рекорд за Хонг Конг, чие претходно продадено најскапо место во 2019 година во деловна зграда чинеше 980 000 американски долари.

Патем, станбените единици во објектот во областа Монт Николсон вредат помеѓу 51 и 77 милиони долари.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote