in ,

СлаткоСлатко

Никогаш не ги перете крпите и постелнината заедно!

За да измиеме што повеќе алишта одеднаш, често ставаме се во машината. Додека одделно ги переме гардеробата и долната облека, многумина од нас имаат навика да ставаат заедно крпи и чаршафи.

Нема ништо поубаво од чиста и мирисна постелнина, но дали е навистина чиста кога ја миете заедно со крпите?

Ова е навика која треба да ја избегнувате. Дебелината и тешкиот материјал на крпите ја оштетуваат постелнината, особено чаршафите. Исто така, некои крпи може да остават многу влакна на чаршафите.

Разликата е и во тежината, бидејќи чаршафите се тенки и меки, а крпите се груби и дебели, па бараат различни циклуси на перење и сушење.

Според веб-страниците на професионалците за чистење, постелнината и лесните материјали се сушат поефикасно од крпите. Односно, чаршафите може да се оштетат, а мувлата да расте на крпите ако се остават влажни.

Дополнително, се советува да не ставате валкана постелнина во корпата со други нечисти алишта, туку веднаш да ја ставите во машината за перење за да не се акумулираат дополнителни бактерии.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote