in , ,

Што?Што?

Одличен трик кој лесно ќе ги исчисти изгорените делови од тавчињата за печење

Садовите понекогаш тешко се чистат, особено кога станува збор за наслаги од маснотии и изгорена храна на тавите и тепсиите, но постои одличен трик.

Колку и да се трудите да ги одржувате садовите за печење, дамките секогаш остануваат на крајот, а остатоците од изгорената храна тешко се отстрануваат. Ви носиме одличен трик како да ги исчистите и најтврдокорните дамки во само пет чекори.

Прво земете го валканиот плех за печење и наполнете го со врела вода до врвот. Оставете го неколку минути и потоа испразнете го, но не сушете го. Потоа истурете сода бикарбона на дното од садот, особено на деловите каде што има остатоци од храна или плехот е изгорен.

Во содата бикарбона додадете слој сол – крупната морска сол е најдобриот избор. Потоа истурете бел (алкохолен) или јаболков оцет во празно шише со спреј и испрскајте го садот. Кога ќе почне да делува, ќе видите меурчиња.

На крајот, земете влажен сунѓер или метална мрежа и добро исчистете го садот за печење, како и сите дамки и нечистотии на него. За време на чистењето ќе забележите дека се создаваат меурчиња, а по пет до десет минути триење само исплакнете го садот за печење и тој е подготвен повторно да се користи, пишува Miror.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote