in

WTFWTF

На Хималаите голем одрон од глечер, има и жртви! [ВИДЕО]

Се стравува дека околу 150 лица загинаа во Индија кога дел од глечерот од Хималаите се распадна и погоди брана, предизвикувајќи поплави.

Локалното население од северот на оваа земја мораше да биде евакуирано.

„Точниот број на мртви сè уште не е потврден, но се плашиме дека има меѓу 100 и 150 мртви“, изјави локалната полиција.

Очевидец рече дека видел ѕид од прашина, камења и вода, кога лавина се упатила по долината.

“Сè се случи многу брзо, немаше време некој да биде информиран. И мислев дека таа маса ќе ме одведе”, изјави еден жител.

Жителите стравуваат дека биле убиени луѓе кои работеле на изградба на блиска хидроцентрала, како и луѓе од блиското село кои воделе добиток кон реката.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote