in

Папата Францис ќе се моли за прошка и помирување во Ирак!

Пред неговата посета на Ирак во четвртокот, папата Францис рече дека доаѓа на мисија за мир по повеќе години војна и тероризам.

„Доаѓам на аџилак“ да се молам за прошка и помирување по многу години војна и тероризам“ и доаѓам меѓу вас во мир. Сакам да се сретнам со вас, да ги видам вашите лица, да ја посетам вашата земја, античката лулка на културата“, рече Папата во видео пораката.

Папата исто така изрази желба да се „моли заедно“ со браќа и сестри од други религиозни традиции, велејќи дека смета дека ирачкиот народ е „единствено семејство на муслимани, евреи и христијани“.

„Сликите на уништени куќи и цркви сè уште се пред вашите очи, а на срцето има рани од раскинати врски и напуштени домови“, стои во делот од пораката упатена до христијаните.

Папата Франциско утре оди во посета на Багдад, а в недела ќе замине во Ербил каде ќе одржи миса.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote