in

Петицијата со која се бара да му се забрани влезот во Земјата на Џеф Безос достигна 15 илјади потписи!

Петицијата со која се бара да не му се дозволи влез на Земјата на еден од најбогатите луѓе во светот, откако ќе замине во вселената собра 15 илјади потписи.

Џеф Безос неодамна соопшти дека планира да замине во вселената. Летот е закажан за 20 јули и заедно со Џеф, ќе патуваат неговиот брат Марк и уште еден патник кој платил неверојатни 28 милиони долари за место во ракетата.

Минатата недела се појави петиција на социјалните мрежи со која се бара да не му се дозволи повторен влез на сопственикот на Амазон на нашата планета. Сега, петицијата собра над 15 илјади потписи. Креаторот на петицијата тврди дека преку забраната, во светот ќе има „едно зло помалку“.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote