Дефанзивецот на Барселона Пике ќе биде надвор од терените од 3 до 5 месеци поради повреда на лигаментите на коленото. Пике, 33, се повреди за време на натпреварот со ривалот Атлетико Мадрид кој се одржа минатата сабота. Менаџерот Коман е во проблеми со дефанзивната линија на Барселона, бидејќи освен Пике, го нема на располагање и Сержи Роберто е надвор од терените 2 месеци.
Барселона го загуби натпреварот со Атлетико Мадрид со 1-0 и моментално се наоѓа на 10тата позиција во Шпанската Ла Лига. Ова беше трет пораз на Каталонците откако ги загубија натпреварите од вечниот ривал Реал Мадрид и Гетафе. Тоа го означува еден од најлошите старотви на гигантот во неговата историја во лигата!
Коментари
Loading…