Пејачката и текстописец Коко Ли почина на 48-годишна возраст откако се обиде да си го одземе животот во текот на викендот.
Ѕвездата родена во Хонг Конг веќе неколку години се бореше со депресија, изјавија нејзините постари сестри Керол и Ненси Ли во изјава на Фејсбук и Инстаграм.
Странските медиуми јавуваат дека нејзината состојба драстично се влошила во последните неколку месеци.
Ли се обидела да си го одземе животот дома во текот на викендот и била пренесена во болница, изјавила нејзината сестра.
Таа беше во кома пред да почине во средата.
Пли, која на млада возраст се преселила во Соединетите Држави и таму отишла на училиште, имала успешна кариера во Азија како поп пејачка во 1990-тите и 2000-тите и била позната по нејзиниот моќен глас и настапите во живо.