Украинските цариници го фатија на дело поранешниот унгарски социјалистички пратеник Золт Легењ како шверцува цигари во Унгарија. Тој станал сомнителен на надлежните погранични службеници откако покажал дипломатски пасош кој не бил акредитиран во Украина.
Исто така на неговиот автомобил немало дипломатска табличка. Легењ, прво одбил да покаже што има во возилото па службениците биле принудени на местото на настанот да повикаат претставник на унгарскиот консулат. Багажникот на автомобилот бил преполн со украински цигари.
Коментари
Loading…