in ,

СлаткоСлатко

Превкусни меки лепињи

Состојки:

  • 250 мл млеко,
  • 50 мл вода,
  • 20 г свеж квасец,
  • 500 г брашно,
  • 2 лажички шеќер,
  • сол.

Подготовка:

Квасецот издробете го во млака вода, додадете 1 лажичка шеќер и оставете да се пени. Во тавата истурете го изматеното млеко, додадете го квасецот кога ќе стане пенесто, брашното и солта и замесете средно тврдо тесто.
Покријте да нарасне 30 мин. Поделете на 2 дела. Расукајте во правоаголник со должина на тавата.
Горниот дел исечете го на ленти со ширина на прстите, не пресечете до крај. Завртете го долниот дел до крај. Премачкајте со масло за да не се спојат исечените делови за време на растењето.
Тавата премачкајте ја со масло и ставете ги лепчињата во плехот, покријте ги со фолија и крпа. Оставете го да отстои 20 минути, а потоа премачкајте го со жолчка од јајце.
Се пече на 180 степени околу 45 минути.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote