in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Превкусно и неодоливо тирамису со малини, колач кој ќе ви ги разбуди сите сетила!

Најпопуларниот италијански колач тирамису потекнува од Сиена, се препоставува дека бил првпат создаден во 17 век во чест на Козимо ди Медичи, а популарноста ја добил за веме на Првата светска војна. Самиот збор тирамису во италијанскиот речник се појавува дури во 1980 година.

Зборот тирамису доаѓа од венецијанскиот дијалект (tiramesù), а во превод значи „подигни ме“ (расположи ме). Расположението всушност доаѓа од таму што колачот се подготвува(л) со рум (бисквитите се натопувале во рум или рум помешан во кафе), денес пак најчесто се подготвува со какао.

Секако, истиов рецепт може да го направите со рум наместо со какао.

Потребни  состојки:

  • 500 грама малини,
  • ¼ чаша какао во прав,
  • 180 грама бело чоколадо,
  • 2 чаши вода,
  • 250 грама крем-сирење,
  • 300 милилитри павлака (слатка),
  • 3 јајца,
  • 250 грама бисквити,
  • 1 филџан џем од малини,
  • 1 филџан шеќер.

Подготовка

Ако малините се замрзнати оставете ги прво на топло да се одмрзнат, а чоколадата растопете ја на пареа. Какаото разматете го во топла вода и оставете го потоа да се излади.

Изматете го со миксер крем-сирењето, додадете ја павлаката и продолжете да матите. Постепено додадете го белото чоколадо.

Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот. Добиената смеса додадете ја на онаа со слатката павлака.

Бисквитите натопете ги во растопеното какао, поставете ги во сад и потоа премачкајте ги со половина од кремот. Покријте со слој од растопени малини. Натопете го остатокот на бисквитите во какао па ставете ги врз малините. На крајот додадете го останатиот дел од кремот и готовиот тирамису ставете го во фрижидер. Кога ќе се излади, распоредете го останатиот дел од малини и прелијте со џемот кој претходно сте го растопиле во микровалната.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote