На 34-годишен пациент во клиничкиот центар во Љубљана му беше извршена трансплантација на бели дробови поради пневмонија предизвикана од Ковид-19.
Постапката траеше десет часа, трансплантираните бели дробови работат добро, а состојбата на пациентот е стабилна. Освен лесна астма, пациентот бил потполно здрав и никогаш не пушел.
„Ова беше прва трансплантација на белите дробови како резултат на последиците од Ковид-19 во Словенија и една од десетина извршени досега во светот“, рече шефот на клиничкиот оддел за торакална хирургија, Томаж Штупник.
Во некои случаи, пневмонијата како резултат на Ковид-19 може неповратно да ги уништи белите дробови. Ова се нарекува конечна слабост на белите дробови, а потоа само трансплантација може да го спаси пациентот.
Според Универзитетскиот медицински центар Љубљана, на 34-годишното момче му се слошило кон крајот на октомври, кашлало и имало треска. По околу една недела, тој исто така имаше проблеми со дишењето кои напредуваа брзо, а по десетдневно лекување и механичка вентилација, белите дробови му откажаа целосно, па тој се лекуваше од вончорпорална циркулација на крвта скоро еден месец.
Коментари
Loading…