in

УбавоУбаво Што?Што?

РЕУМА: Лек за болни тетиви и мускули, болни и отечени зглобови

Лек за болки во тетивите и мускулите, болни и отечени зглобови…

Ловорот (Laurus nobilis) е растение кое има многу силни аналгетски својства. Ова е причината зошто ловоровиот лист е супер билка кога станува збор за лекување на многу болести, како што е мигрената. Исто така, игра голема улога во варењето на храната, бидејќи го подобрува и стимулира варењето низ дигестивниот тракт и помага во намалување на нивото на шеќер во крвта. Бидејќи неговиот силен мирис ги отфрла инсектите, може да се користи и како средство против молци.

Сега ќе ви претставиме многу ефикасна и лесна за подготовка тинктура против ревматизам, болни тетиви и мускули, болни и отечени зглобови. Се подготвува многу лесно и едноставно. Сè што треба да имате за правилно да ја подготвите тинктурата е ловоров лист и малку алкохол.

Потребни состојки:

– 30 грама свежи ловорови листови

– 300 ml 60% алкохол

Начини на подготовка:

Ловоровиот лист ситно исечкајте го и ставете го во тегла. Додадете алкохол и цврсто затворете го садот. Затворениот сад ставете го на топло место да отстои 10 дена. По 10 дена, процедете ја добиената течност и ставете ја во шише.

Употреба:

Тинктурата можете да ја користите за масажа на болни места. Тинктурата можете да ја употребите и на друг начин – конзумирање на 10 капки растворени во вода, 3 пати на ден пред јадење.

Мерки на претпазливост:

Оваа претпазливост се однесува на секое консумирање ловор. Ловоров не треба да се користи повеќе од еден месец. Мора да направите пауза од најмалку 15 дена пред да продолжите да го користите. Бремените жени и децата под 6-годишна возраст не треба да користат ловоров лист.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote