in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Освен што дава добар вкус на јадењата, рузмаринот е добар за здравјето и расположението

Обично го додавате како зачин во разни јадења или како додаток на чај, но рузмаринот е многу моќно растение кое на многу начини помага на физичкото и менталното здравје.

Бројни студии покажаа дека рузмаринот не е само како зачин, туку суперхрана која има бројни лековити својства, пишува Mind Body Green.

 

Низ историјата, луѓето користеле рузмарин за зајакнување на меморијата. Дури и познатиот Шекспир пишуваше за него во Хамлет.

Дури и денес, се верува дека рузмаринот помага за подобра меморија, но некои истражувања сугерираат дека има позитивен ефект врз подобро расположение и нивоа на стрес.

 

Го подобрува расположението

Во студија од 2018 година, на глувци во лабораторија кои биле под хроничен стрес им бил даден екстракт од рузмарин и откриле дека имаат антидепресивно дејство.

Научниците веруваат дека причината лежи во фактот дека растението има антиинфламаторни својства и помага да се ублажат воспалителните процеси во областа на мозокот наречена хипокампус, но и во цревата.

Иако се уште постојат истражувања кои се обидуваат да го поврзат здравјето на цревата со здравјето на мозокот, се чини дека доброто расположение, оптимизмот и остриот ум имаат врска со здравиот микробиом.

 

Рузмаринот влијае на ендоканабиноидниот систем

Тоа е главниот регулаторен систем во нашето тело кој е одговорен за начинот на комуникација на нервните клетки.

Ги регулира процесите како глад, сон, воспаление, стрес, крвен притисок, метаболизам, телесна температура и многу други процеси.

Рузмаринот содржи соединение кое се врзува за канабиноидните рецептори. Иако се уште не знаеме како и зошто, се чини дека ова врзување за рецепторите го намалува влијанието на одговорот на телото на стрес.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote