in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Едноставна слика од домат на Фејсбук започна дебата: Илјадници луѓе се прашуваат – дрво или заби?

Фејсбук страницата ‘Fun time’, која ја следат повеќе од 27.000 луѓе, започна интересна дискусија – сосема случајно.

Така тие објавија слика од половина домат со натпис:

„Дрво на животот на домат – неверојатна природа!“, сакајќи да ја прикаже „мајката природа“ која е насекаде околу нас.

Но, наместо тоа, се покрена дебата – стотици луѓе коментираа, а повеќе од 1.000 од нив ја споделија сликата.

„Дали само јас гледам заби на оваа слика?“, „Да, тоа се дефинитивно заби“, „Сакав токму тоа да го напишам – заби“ „Гледам само заби“ – се дел од коментарите на следбениците на оваа страница кои ретко гледаат заби, а не дрво.

А некои, сепак, го видоа „дрвото на животот“ – самата природа: „Прекрасно“, „Едноставно неверојатно“, коментираат тие.

А сега кажи ни што гледаш: дрво или заби?

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote