Холивудскиот актер Шон Пен е фотографиран по улиците на Рим на прошетка со својата нова избраничка, актерката Олга Коротјаева.
Тие биле фотографирани додека биле во посета на златари и продавници во Италија, а цело време се гушкале еден со друг.
И двајцата избраа лежерни, опуштени комбинации – Шон Пен носеше фармерки и црна, памучна маица и спортска капа, додека Олга се одлучи за фармерки и бела маица, црн кожен ремен и црна чанта.
Не е познато кога ја започнале својата романса, ниту колку долго се познаваат, но странските медиуми шпекулираат дека се работи за нова врска.
Инаку, Олга е 20 години помлада од Шон и исто така и актерка.
Да потсетиме, Шон минатата година стави крај на бракот со Лејла Џорџ.