in

КУЛИНАРЕН ТРИК на Џејми Оливер ЗА СОВРШЕНИ ПАЛАЧИНКИ: Загарантирано меки како памук!

Следете ги чекорите на познатиот готвач и сигурно ќе ги направите најдобрите палачинки за целото семејство

Палачинките се уживање на кое никој не може да му одолее. Подготовката на тестото е стандардна, но постојат одредени кулинарски трикови за совршен вкус.

Британскиот готвач Џејми Оливер на својот канал на Јутуб покажа како ги прави најдобрите палачинки.

Сè што ви треба е една чаша брашно, една и пол чаша млеко, три јајца и малку морска сол.

  • Измешајте ги состојките во сад со жица за матење додека не добиете мазно тесто без грутки.
  • Потоа, оставете го да отстои.
  • Вклучете го шпоретот и ставете ја тавата на среден оган, а потоа премачкајте го дното со путер.
  • Потоа, со црпка додадете дел од смесата така што да ја покрие површината на тавата.
  • Познатиот готвач ја пече палачинката околу една минута, а потоа ја свртува на другата страна. Палачинките треба да бидат во златна боја, свилени и меки.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote