in ,

СлаткоСлатко

Авторот на серијата „Squid Game“ потврди: Се снима втората сезона

На радост на многубројните фанови, авторот на светски познатата серија „Squid Game“ потврди дека ќе ја снима и втората сезона.

 

„Има толку голем притисок, толку голема побарувачка и толку многу љубов кога е во прашање втората сезона. Така, на некој начин се чувствувам како да немам избор. Но, ќе кажам дека навистина ќе биде втора сезона. Тоа е во мојата глава. Моментално сум во процес на планирање. Но, мислам дека е премногу рано да се каже кога и како ќе се случи ова“, изјави Хванг Донг-Хјук за AP Entertainment.

Netflix забележа голем пораст на бројот на нови корисници на платформата во третиот квартал од годината, а сето тоа благодарение на претставувањето на серијата „Squid Game“, пишува BBC.

Популарната американска платформа за стриминг доби 4,4 милиони корисници од јуни до крајот на септември, што е двојно повеќе отколку во вториот квартал од 2021 година.

 

 

Јужнокорејската хит серија, поради која е снимен овој скок, во првите четири недели ја гледале 142 милиони корисници. Сериите кои привлекуваат нови корисници се „La Casa de Papel“, „Queen’s Gambit“ и „Sex Education“.

Да потсетиме, „Squid Game“ на Нетфликс му донесе приходи од околу 900 милиони долари, а во снимањето беа вложени 21 милион долари. Нетфликс очекува да добие уште 8,5 милиони нови претплатници во последните три месеци од 2021 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote