Угур Шахин, основач на „Бионтек“, кој ја разви вакцината против ковид-19 заедно со Фајзер, смета дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото.
Германците се повеќе се нетрпеливи во однос на ограничувачките мерки воведени поради коронавирусот, а владите на земјите од Европската унија се критикувани за бавната вакцинација на населението и тешкотиите при набавката на вакцината.
Шахин, основачот на германската компанија Бионтек, смета дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70% од Германците до крајот на септември и дека вирусот тогаш нема да претставува таков проблем.
„Во многу европски земји и САД веќе нема да ни требаат општи затворања до крајот на летото“, рече Шахин и додаде: „Ќе има вируси и мутации, но тоа нема да нè исплаши“.
Коментари
Loading…