in

Што?Што?

Украдената паричка вредна милион долари пронајдена по 20 години

Станува збор за сребрена монета со богата симболика, која е дел од историјата бидејќи била кована за време на Еврејското востание пред неполни 2 илјади години. Паричката беше украдена во Израел во 2002 година, но сега после речиси 20 години успешно е пронајдена и вратена на својата земја.

Сагата почна кога Израелската управа за антиквитети (ИАА) дозна од свиркач дека паричката ја земале Палестинци од ископина во долината Ела, јужно од Ерусалим, а потоа ИАА мина цела деценија обидувајќи се да ја пронајде. Паричката минала низ илегални пазари за антиквитети во Израел, Јордан и Обединетото Кралство, а на крајот била пронајдена во САД каде била понудена на аукција одржана во Денвер во сојузната држава Колорадо во 2017 година.

На израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Гилад Ердан, паричката му беше предадена на церемонија одржана во понеделникот.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote