in , ,

УбавоУбаво WTFWTF Што?Што?

Вака Амбер Херд ја „уловивме“ во лага!

Мажот кој тврди дека бил еден од седумте поротници во судењето за клевета на Џони Деп и Амбер Херд, тврди дека актерката е недоверлива личност склона кон gaslighting (излудување – еден вид ментално насилство што се манифестира со манипулирање со информациите од страна на напаѓачот со цел жртвата на тоа насилство да почне да се сомнева во својата меморија, набљудувања и перцепција на реалноста) и додава дека токму таа го поттикнувала брачното насилство.

Иако имињата на поротниците мора да останат запечатени една година по судењето, на нив им е дозволено доброволно да зборуваат и да ги споделуваат своите искуства за случајот. Наводниот поротник го објави своето видување на ТикТок.

– Амбер лошо сведочеше и пороата го сметаше Деп за многу поверодостоен. Кога лажеше дека ги донирала парите во добротворни цели, сфативме дека лаже за сè – рекол тој. Да потсетиме, Херд вети дека ќе донира половина од износот од нејзиниот договор за развод во вредност од 7 милиони долари на непрофитната организација ACLU (Американска унија за граѓански слободи), но нејзиниот извршен директор Теренс Доерти сведочеше дека актерката никогаш не го сторила тоа.

Анонимниот поротник ја пофалил адвокатката на Деп, Камила Васкез, велејќи дека таа сработила одлична работата, а бил и мошнр критичрн кон сестрата на Амбер, Витни, која сведочела за актерката.

– Се чини дека ја поддржува сестра си поради чиста обврска, како дека и таа да беше жртва на манипулација… Во секој случај, сестра ѝ на Амбер воопшто не изгледаше дека сака да биде во судница – рече тој.

На прашањето дали членовите на поротата ја мразеле Херд, тој одговорил: „Не, не ја мразеа, но повеќето од нив не сочувствуваа со неа“.

Мажот исто така објаснил дека пред почетокот на судењето не бил особено информиран ниту за Амбер ниту за Џони и верува дека затоа можел да биде прилично непристрасен.

Чувствувам дека луѓето ги носат своите лични вистини во гроб кога не можат да признаат дека грешат. Мислам дека токму тоа го прави нејзиниот тим во моментов. Тие создаваат клеветничка кампања, само за да не мора да признаат дека се виновни. Ова е очигледно нивниот начин на кој се обидуваат со канџи и заби да го спасат достоинството на Амбер Херд – заклучил анонимниот поротник.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote