in

ЧОВЕКОТ СО ЈУГОТО И НАБИЛДАНИТЕ ДЕЧКИ! [ВИЦ]

На семафор на црвено застанува црно ауди со тројца набилдани и истетовирани момци во него, кога одеднаш се слуша звук на судар!
Ги удира Југо со едно мало човече кое едвај има метар и пеесет. Човекот ги гледа напумпаните во Аудито подголтнувајки си ја плунката, си вели:
–„Готов сум, ама скапо ќе си ја продадам кожата“
Го отвара гепекот, ја вади хеблата и почнува да удира по аудито.
Го крши ретровизорот, мава по хаубата, по шофершајбната, ги дупчи гумите и задоволен се враќа во своето југо, го пали југото и си оди.
Во аудито, тројцата билдери се гледат немо, смрзнати од страв.
Едниот прашува:
–„Кој беше овој?„
Другиот му вели:
–„Немам поим, ама замисли да бевме ние криви што ќе ни се случеше„

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote