in

Видиќ со совет до Мегвајер: Мора да освојува трофеи за да стане легенда!

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Видиќ изјави дека капитенот на Ѓаволите, Хари Мегвајер мора да освојува трофеи ако сака да го достигне легендарниот стаатус.

Мегавајер се приклучи на Манчестер Јунајтед од Леичестер во 2019 година и веднаш заигра за првиот тим уште од почетокот. Тој ја доби и капитенската лента во клубот од Манчестер, но според Немања Видиќ тој има уште многу работа за да стане уште подобар.

„Хари Мегвајер изгледа многу самоуверено и сигурно кога игра за неговата држава и за Манчестер Јунајтед. Тој е добар дефанзивец, но доколку сака да стане легенда ќе мора да почне да освојува трофеи“ тврди легендарниот Видиќ.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote