Ако сакате нешто поразлично од руска и пилешка салата, еве неколку брзи и економични рецепти за салати за Нова година и Божиќ.
1. Таратор од морков
Потребни состојки:
- 4 лажици маслиново масло
- 4 моркови
- 2 чешниња лук
- 250 грама павлака
- 1 лажичка сол
- ¼ лажичка морско оревче
- 3 лажици сецкани ореви
Начин на подготовка :
Излупете и изрендајте ги морковите, потоа во една тава ставете маслиново масло и додадете ги изренданите моркови. Пржете ги морковите додека не омекнат. Од кога ке се изладат малку морковите, во подлабок сад додадете ја павлаката, изренданиот лук, сол, морско оревче и исецканите ореви. Подготвениот таратор од морков ставете го во чинија за сервирање и врз истиот истурете една лажичка маслиново масло и поросете со малку сецкани ореви.
2. Салата од модар патлиџан со јогурт
Потребни состојки:
- 3 модри патлиџани
- 2 чешниња лук
- 4 лажици грчки јогурт или павлака
- 2 лажици мајонез
- 1 лажичка сол
За прелив:
- 1 мала лажичка мелен црвен пипер
- 1 лажичка маслиново масло
Начин на подготовка:
Измијте и исушете ги модрите патлиџани и избодете ги со неколку убоди. Потоа ставете ги модрите патлиџани во плех со хартија за печење и оставете да се потпечат околу 30 минути во загреаната рерна од 200 степени.
Модрите патлиџани можете да ги печете и на рингла, наместо во рерна.
Откако ќе се испечат модрите патлиџани, оставете ги малку да се изладат и излупете ги.
Излупените модри патлиџани исечкајте ги на коцки, додадете го јогуртот (павлаката), изрендениот лук, солта и мајонезот и добро промешајте.
Ставете го во чинија за сервирање и украсете со мелен црвен пипер, маслинов зејтин и послужете.
3. Салата од тиквички со јогурт
Потребни состојки:
- 2 тиквички
- 4 лажици маслиново масло
- Сол
- 1 чешне лук
- 250 гр. јогурт (павлака)
- 1 лажица мајонез
- 3 лажици сецкани ореви
- 2 страка сецкан копар
Начин на подготовка:
Прво, потпечете ги малку оревите некое време во тавче или во рерна.
Потпечените ореви оставете ги настрана.
По миењето и без да ги излупите тиквичките, изрендајте ги од страната на покрупниот дел на рендето.
Истурете маслиново масло во тава и додадете ги ренданите тиквички и пржете на среден оган околу 10-15 минути.
Откако ќе се попржат тиквичките ги тргаме од оган и додаваме, црн пипер, сол и ситно сецкан копрар и измешајте.
Оставете да се олади на собна температура.
Во посебен сад, измешајте изрендан лук, сол, мајонез и јогурт додека не добиете хомогена смеса.
Оваа смеса додадете ја во предходно изладените тиквички и повторно промешајте.
Ставете го во чинија, истурете малку маслиново масло над мезето и украсете го со ореви и подгответе го за сервис.
На здрваје и добар апетит 🙂
Коментари
Loading…