in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 16 АПРИЛ 2024

Времето денес:

 

Претпладне променливо облачно. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје претпладне променливо облачно. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од утре до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре и во четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote