in

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 17 АПРИЛ 2024

Времето денес:

 

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Денес особено попладне наместа ќе има појава на нестабилност со обилен пороен дожд(над 30л/м2), грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Повремени врнежи и локална појава на грмежи ќе има и утре. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote