in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 12 ФЕВРУАРИ

Времето денес:

Претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува

Умерено до значително облачно, во северните делови со појава на локален слаб снег, претежно во планинските подрачја. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Умерено до значително облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во повисоките делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег. T= 6 °C, P= 993 hPa, U= 52 %, V= 5 m/s.

Следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневната температура. Во вторник ќе дува засилен ветер од северен правец.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote