in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 18 МАРТ 2024

Времето денес:

 

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, наместа негативни, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote