in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 16 ЈАНУАРИ

Времето денес:

 

Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Под влијание на влажен бран времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и обилни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови релативно топло време за овој период од годината и врнежи претежно од дожд.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote