in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 19 НОЕМВРИ

Временска прогноза:

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје претпладне со слаба магла, во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен југоисточен ветер.

Подрачјето на нашата земја во следните денови ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре и во понеделник врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote