in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 19 ОКТОМВРИ

Времето денес:

 

Наутро студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува.

Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

 

Утре ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика до сабота дневната температура да биде пониска за неколку степени. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote