in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 4 ЈАНУАРИ

Времето денес:

 

Наутро по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието и во претпладневните часови.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote