in

СлаткоСлатко

Зошто на децата за имунитет им треба микроби, а не антибиотици

Тоа што денес имаме се повеќе алергии, вишок килограми и воспалителни болести на цревата, па дури и аутизам, е последица на претераната хигиена.
Да, важно е да ги миете рацете. За време на сезоната на грип, тоа е уште поважно. Но, денес навистина претеруваме, предупредуваат научниците.

Уништувањето на бактериите на вашите раце со антибактериски сапуни и прекумерната употреба на антибиотици имаат исклучително лош ефект врз имунитетот на нашите деца, вели микробиологот Мари-Клер Ариета, коавтор на книгата „Нека јадат нечистотија: Како да ги зачуваме нашите деца во премногу стерилен свет“ (Let Them Eat Dirt: Saving Our Children from an Oversanitized World).

Зошто премногу хигиена го загрозува здравјето на децата? Затоа што придонесува за развој на хронични болести, од алергии до дебелина, велат Ариета и нејзиниот коавтор, микробиологот Брет Финли од Универзитетот во Калгари.

„Новото истражување покажува дека заедницата на бактерии во нашите црева која се формира во раното детство го одредува нашето здравје во текот на животот“, вели Ариета. „Кога се раѓаме, немаме микроби и нашиот имунолошки систем е недоволно развиен. Имунитетот почнува да се развива дури кога ќе се појават микроби кои го будат. Без нив, не би можеле да се бориме со инфекциите“.

Микробите се толку важни затоа што создаваат молекули и супстанции кои стапуваат во интеракција со клетките на цревниот ѕид, но и со клетките на имунолошкиот систем кои се од другата страна на клеточниот ѕид и буквално ги тренираат. На тој начин нашиот имунитет ги добива информациите со чија помош учи. Потоа обучените клетки на имунолошкиот систем одат во другите делови од телото.

„Тоа што денес имаме се повеќе алергии, дебелина и воспалителни болести на цревата, па дури и аутизам, е последица на претераната хигиена. Гените се важни, но гените не се менуваат толку брзо. Истражувањата постојано покажуваат дека намалената изложеност на микроби во раното детство ги предизвикува овие болести “, објаснува Ариета.

Како треба да се однесуваат родителите за да дозволат правилно да се развие имунитетот на детето? Експертите препорачуваат да земете куче и да не чистите се што ќе стави детето во уста. Ризикот од развој на астма, на пример, се намалува кога родителите ја чистат цуцлата на бебето во сопствената уста. Миењето раце треба да биде навика која се практикува пред јадење и после одење во тоалет. Но не по играње во дворот – отстранувањето на земјата од рацете на децата нема да им го сочува, туку ќе им го загрози здравјето, предупредува д-р Ариета.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote