Работниците во фабрика на Ајфон во Индија незадоволни поради константно намалување на платата, откако ја завршиле ноќната смената почнале да кршат по канцелариите и погоните, а дел од нив запалиле и неколку службени возила со што причиниле штета од околу 7 милиони долари.
Насилството, наводно, било во фабрика што ја водела корпорацијата Вистрон, производствена компанија со седиште во Тајван, користена од Епл во Индија. Видеата покажуваат толпа луѓе кршат прозорци во фабриката, палат превртени автомобили и прскаат апарати за гаснење пожар.
Епл и Вистрон не одговориле на барањата за коментар во неделата.
На вработените им била намалена платата, па затоа биле фустрирани.
„На дипломиран инженер му беше ветена плата од 286 долари месечно, потоа беше намалена на 218 долари, па последниве месеци на 163 долари. На ние што немаат дипломирано за инженер, платите им беа симнати на 109 долари. Платите што ги добивавме на сметка постојано се намалуваа и тоа фрустрираше. Некои вработени тврдат дека добиле месечни плати од само 6,8 долари“.
Индија е посебна болка за Епл. Земјата го има вториот по големина пазар за смартфони во светот (зад Кина), меѓутоа Епл таму има само 3% пазарен удел.
Коментари
Loading…