Властите на Германија и Белгија успеаа да запленат над 23 тона кокаин. Ова е најголема количина на кокаин која била запленета во историјата на Европа. Кокаинот беше пронајден сокриен во 5 контејнери кои пристигнале на пристаништето во Хамбург од Парагвај.
Во соопштението на властите стоеше: „Оваа огромна количина на кокаин се проценува дека би вредела неколку милијарди евра на црниот пазар. Ова е најголема количина некогаш запленета во Европа и една од најголемите во светот“.
Коментари
Loading…