in

ТаженТажен

Жена на 36 години, досега преживеала 12 тумори од кои најмалку пет биле канцерогени

Жена која преживеала 12 различни видови на рак, би можела да биде клучот за лекување на болеста, тврдат научници. На неименуваната, 36-годишна пациентка, за првпат и бил дијагностициран тумор кога била малечка и од тогаш на неколку години се формирала нова израсток на различни делови од нејзиното тело.

Од 12-те тумори за кои знаат докторите, најмалку пет биле канцерогени и се формирале во мозокот, на грлото на матката и во дебелото црево. Истражувачите во Шпанија, кои ја следат состојбата велат дека нејзиниот имунолошки состав е исклучителен во запирање на ракот.

Се верува дека таа е единствена жена во светот со генетска мутација која служи како меч со две острици, пренесува „Дејли Мејл“. Од една страна, таа има неприродна способност да ги победи канцерогените израстоци, а од друга страна ја прави исклучително подложна на тумори, пишува Нова.рс.

Таа поседува две мутации на генот MAD1L1, кои во нормални околности би требале да го унијат ембрионот пред да добие шанса да се развие во матката. Кога ќелијата ќе почне да се дели со неверојатна брзина, тоа може да доведе до раст на тумор кој често може да се трансформира во рак.

Нејзината состојба е толку ретка, па засега нема ниту име.

Тимот што правеше истрага беше заинтригиран од фактот дека петте агресивни карциноми што ги развила пациентката, релативно брзо исчезнале. Интересно е дека истата мутација поради која често заболувала, исто така и ја спасувала од болеста. Нивната хипотеза вели дека „постојаното производство на изменети ќелии, предизвикала одбранбен одговор кај пациентот и тоа помага за туморите да исчезнат

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote