in

Жена од Италија примила 6 дози од вакцината по грешка!

Млада жена од Италија примила дури шест дози од вакцината на Фајзер во Тоскана, пренесуваат локалните медиуми.

Медицинската сестра, наместо да ја вакцинира со една доза од вакцината 23 годишната девојка, ставила цело шишенце во инекцијата, што е еднакво на шест дози од вакцината. Претходните студии за предозирање од вакцината беа ограничени на 4 дози.

Овој инцидент бил пријавен кај италијанските власти и започната е истрага. Ова не е прво предозирање со вакцината на Фајзер, претходно биле забележано вп Германија, Израел, Австралија и САД.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote