in ,

СлаткоСлатко Што?Што?

Ако сакате да патувате – Ова се 10 -те најбезбедни земји во светот!

– Сакате за време на вашиот одмор да заминете на безбедна дестинација каде што ќе можете безгрижно да се шетате во било кој час од денот, земете една од наведените држави во предвид.

Додека некои преферираат егзотични локации каде што можеби ќе треба да бидат внимателни за тоа што, кога и каде одат , други пак претпочитуваат дестинации каде што не мора да шетаат насекаде во групи и каде што не треба да се грижат дали ќе им снема на пари и документи. Ако припаѓате во втората група на луѓе, овие дестинации се за вас!

Швајцарија
Алпите се само дел од прекрасниот пејзаж во Швајцарија, но не треба да ги занемаруваме културните центри како Цирих и Берн, кои се полни со музеи, галерии, паркови и слично. Во принцип, може да се најде нешто за секого. Сепак, Швајцарија е една од најскапите земји во светот, поради што можеби не е најдоброто место за патници со буџет.

Јапонија
И покрај големите, урбани области, Јапонија има и култура која може да биде интересна за секого. Во оваа држава, можете да најдете нешто за секој опсег на цени, но патот до овој луксуз е на поскапата страна.

Чешка 
Со текот на годините, Чешка стана една од омилените дестинации на Европа – каде и да е во Европа, Чешка не е далеку, не е скапа, безбедна е и има многу културни атракции. Туристите често ги привлекува популарниот ноќен живот во Прага.

 

Сингапур
Сингапур е многу напредна и гламурозна земја која стана една од најпосакуваните дестинации во цела Азија. Сингапур е поскап од другите земји во Јужна Азија, но не од европскиот стандард. Овде може да се најде поевтино сместување и храна.

Канада
Знаете дека државата е безбедна кога најпопуларниот стереотип за нејзините граѓани е дека тие се исклучително фини и дружељубиви. Канада е навистина огромна земја каде што можете да најдете нешто за секого и по различни цени, но веројатно ќе ве чини речиси исто како и патувањето во САД.

Данска
Друг развиен европски скапоцен камен полн со културна содржина, но исто така и не за оние со буџет. Данска, како ниту една друга скандинавска земја, не е евтина, исто како што не е земја за ладнокрвни.

Австрија
Австрија е четвртата најбезбедна земја во целиот свет. Во Австрија, има по нешто за секого во секоја сезона, но според наше мислење оваа држава е најдобра за љубителите на природата, прошетките и ридската глетка.

 

Португалија
Најзападната земја во Европа им нуди на своите посетители се – добра храна, ноќен живот, море и луксуз, но лесно можете да најдете нешто за оние кои се со буџет.

 

Нов Зеланд
Нов Зеланд има една од најубавите пејзажи во целиот свет и е неизбежно место за сите фанови на Господарот на прстените. Сепак, освен фактот дека ќе ве чини многу за да стигнете таму, Нов Зеланд не е евтин за туристите.

 

Исланд
Исланд е најбезбедната земја во светот со најмал дел од населението во затворите, најмалку терористички напади и најмалку убиства. Пр екрасен остров со гејзери и вулкани што нема да ги најдете на друго место во светот, но Исланд е и трета најскапа земја во светот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote