3 годишно девојче беше пронајдено во урнатините од зградите од деведесет и првиот час по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди западна Турција. Бројот на смртни случаи се искачи на 111, изјави локалниот градоначалник. „Ние забелажавме чудо на 91 час од земјотресот!“ изјави градоначалникот на Измир Тунџ Сојер.
Девојчето беше набргу идентификувано и веднаш беше поставено видео на социјалните мрежи како таа се чувствува добро во амбулантното возило, а во позадината можеа да се чујат извици од медицнискиот персонал како извикуваат „Господ е голем“! Девојчето беше откриено од страна на еден од спасувачите тој рече дека таа му го кажала нејзиното име и смирено му дала до знаење дека не е повредена.
Коментари
Loading…