in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Благодети и неверојатни 6 здраствени придобивки од крлицата на есента – ТИКВА

Идеална е во улогата на реквизит за длабење и обликување на мали уметнички дела кои за ноќта на вештерките ќе засветат пред куќните прагови, но неправедно занемарена како намирница

 

Кој јаде многу тиква, никогаш нема да има болки во желудникот, вели старата медицина. Иако тиквата не им е омилена намирница на сите, нејзините лековити својства се од непобитно значење и затоа се нарекува кралица на есента.

 

Во својот состав има висока количина на антиоксиданси и каротен, особено витамин Ц и Е, а со своите лековити состојки е идеална во борбата против срцевите заболувања, ризикот од рак, очното перде и мозочниот удар.

 

Сиромашна со калории, богата со минерали

Нејзиното лесно сварливо месо содржи малку калории, сè на сè 28 на 100 грама. Сосема спротивно на калориската сиромаштија, во жолто портокаловите плодови има мноштво минерали и витамини. Тука најважен е калиумот за работата на срцето, фосфорот и калциумот кои задно делуваат во изградбата на коските и забите, железото важно за крвта, како и манганот кој го чува здравјето на кожата и `рскавиците.

 

Тиква за проблематична кожа

Народната медицина вели дека тиквата добро делува од надвор, како и од внатре. Пире од свежо месо на тиква е идеално како маска за лице и за само десетина минути благотворно ја чисти кожата и ги стеснува борите. Идеална е за кожа која е склона на акни и митесери, поради што во последно време се појавува како главна состојка на кремите за проблематична кожа.

 

Смирува и го подобрува сонот

Од тиквата ќе имате многу корист, било да ја консумирате сирова (изрендана како морков), варена на пареа, печена во релна, или како додаток на вариво. Тиквата ја смирува нервозата и го подобрува сонот благодарејќи им на витамините од Б групата. Нејзиниот фантастичен нутриционистички профил го надополнуваат пектините, целулозата и другите растителни влакна важни за добро варење. Ова вкусно овошје, поради спомнатите благодети е корисно и за децата.

 

Семки од тиква

За сите оние кои не консумираат тиква, решението доаѓа во облик на семки од тиква. Освен што се згодна занимација, семките се одличен извор на белковини кои зависно од видот на тиквата ги има и до 31 процент.

Така еден грст семки од тиква ја задоволува дневната потреба од аминокиселини, а грицкајќи ги добиваме и омега-3 масни киселини кои се добри за работата на срцето, видот и расположението.

 

Масло од тиква

Уште еден производ добиен од кралицата на есента го привлекува вниманието на медицинарите и гурманите, а тоа е маслото од тиква кое содржи голем процент на бета каротен, витамин Е и калиум. Иако во 100 грама малсо има 900 калории, треба да се има на ум дека за фантастичен вкус на салатата е доволна само една лажица.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote