in

Трамп најави можна кандидатура на изборите во 2024 година!

Според агенцијата АП, претседателот на САД, Доналд Трамп, најави можна кандидатура на претседателските избори во 2024 година.

“Поминаа неверојатни четири години. Се обидуваме да имаме уште четири години. Во спротивно, ќе се видиме за четири години”, им рече Трамп на насобраните на празничниот прием во Белата куќа.

Снимка од обраќањето на Трамп беше објавена во живо на Фејсбук од еден од гостите.

Видеото покажува десетици собрани во салата на Белата куќа. Многу од нив не носеле заштитни маски, со што се прекршиле упатствата на американската влада издадени заради епидемијата Ковид-19.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote