Серхио Агуеро се обиде да го „лобува“ Едуард Менди од белата точка, но се посрамоти пред сите.
На Сити му беа потребни 3 бода за да стане шампион на Англија по седми пат. Граѓаните поведоа пред крајот на првото полувреме преку Стерлинг, а најголем кривец за погодокот беше Андреас Кристенсен откако направи кикс и му дозволи на Хесус лесно да стигне до топката.
Фудбалерите на Тухел не се откажуваа во второто полувреме и ја одложија радоста на навивачите на Сити. Најпрвин преку Зијеш во 63. минута, а потоа преку Алонсо во самиот финиш на натпреварот успеаја да стигнат до сите три бода и се искачија на третата позиција во Премиер Лигата.