Калуѓерка од САД доби казна од судот откако уркала повеќе од 800 илјади долари од училиште за да се коцка во Лас Вегас.
Мери Маргарет Креупер е 79 годишна калуѓерка од Калифорнија. Таа е целосен контраст за стереотипите кои ги опишуваат калуќерките, бидејќи на Мери и се заканува сериозна казна поради кражба на повеќе од 800 илјади долари од католичко училиште.
Мери Маргарет била директор на католичкото училиште и таа беше обвинета од локалниот суд дека помеѓу 2008 и 2018 ги користела парите на училиштето за сопствени потреби. Голем дел од тие пари калуѓерката ги користела за да се коцка во казината во Лас Вегас.