Мегапопуларниот Post Malone „искеширал“ астрономска сума од 1.6 милиони долари за да стави два огромни дијаманти во неговите заби.
Ова не е прв пат раперот да направи ваква бизарна модификација на неговото тело, бидејќи има голем број на тетоважи на неговата глава и неговото лице. Сега тој се одлучи да го трансформира неговите заби во дијаманти. Двата дијаманти се 12 каратни и вредат огромна сума на пари.
Дијамантите биле 40 каратни и морале да се намалат на 12 карати бидејќи не ги собирало во неговата уста. Тие биле купени од Белгија, но биле пренесени во Израел за да бидат обработени според највисоките стандарди. Процесот на трансформација на неговите заби во дијаманти траел година и половина.