in

ФОРМУЛА 1: Естебан Окон останува во Алпин до 2024 година!

Естебан Окон ќе остане во тимот на Алпин уште три години, потврдија со официјално соопштение од тимот.

Французинот се приклучи на тимот кога беа попознати како Рено во 2020 година и после бавниот старт на сезоната тој успеа да стигне до својот прв подиум во Форумла 1 за време на трката во Бахреин.

Оваа сезона, 24 годишниот возач моментално има повеќе поени од неговиот тимски колега, двократниот светски шампион Фернандо Алонсо. Пред неговото „домашно“ Гран При, Алпин објави дека Окон останува со нив до 2024 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote