in

Што?Што?

Пронајден дијамант од 1.098 карати во Боцвана

Пронајден е дијамант од 1.098 карати во Боцвана, трет по големина квалитетен дијамант за накит некогаш пронајден во светот, објави компанијата Дебсвана.

Каменот, откриен на 1 јуни, „донесе надеж на нацијата што е во тешка состојба“, рече Линет Амстронг, директор на Дебсвана, која е во заедничка сопственост на владата и јужноафриканската компанија De Bers, специјализирана за дијаманти.

Најголемиот познат дијамант е „Кулинан“ со повеќе од 3.100 карати, пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Вториот од 1.109 карати беше ископан во 2015 година во рудникот Карова, северо-источно од Боцвана, која е водечка земја во Африка во производството на дијаманти.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote