Италијанскиот легендарен голман, Џанлуиџи Буфон одлучи да и се приклучи на екипата на Парма, 20 години откако си замина.
43 годишниот голман, потпиша договор во времетраење од две години со екипата на Парма којашто испадна од Серија А минатата сезона. Буфон си замина од Јувентус по завршувањето на минатата сезона.
Голманот којшто го освои Светското првенство со Италија во 2006 година, има забележано 176 репрезентативни настапи, а истовремено го држи рекордот за најмногу настапи во Серија А со 656 натпревари помеѓу стативите.