in

Астон Вила тргнува по играчот на Арсенал! Обиена понуда во висина од 35 милиони евра!

Топџиите им дадоа до знаење на Астон Вила дека нивниот плејмејкер не е на продажба, но Вила не се откажува од него.

Арсенал ја одби понудата за Емил Смит Роу од Астон Вила која беше во висина од 35 милиони евра. Најпрвин Вила понуди 30 милион, па ја зголеми понудата на 35 милиони за 20 годишниот играч за врска.

Смит Роу настапува за англиската репрезентација под 21 година. Арсенал не сака да го продаде нивниот млад талент, но Астон Вила е упорна. Договорот на Смит Роу истекува за две години и сеуште не е познато дали Вила ќе испрати повисока понуда.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote