in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Чоколадни ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Празник за непцето, лесни за подготовка

Совршен десерт за велигденските празници, а и самата подготовка е многу едноставна.

Состојки:

  • 12 чоколадни јајца,
  • 150 грама крем-сирење,
  • 30 грама шеќер во прав,
  • 1 лажица сок од лимон,
  • 1 лажиче ванилин шеќер,
  • 150 грама слатка павлака за шлаг,
  • прелив од карамела.

Подготовка

Најпрво пресечете ги врвовите на чоколадните јајца, на тој начин што остриот нож прво ќе го загреете (а може да користите и скалпел). Ставете ги јајцата на ладно, потоа со миксер изматете го крем-сирењето со шеќерот во прав, сокот од лимон и ванилиниот шеќер додека добиете глатка смеса. Во друг сад изматете ја слатката павлака за шлаг, па соединете ја со смесата од крем сирењето, мешајте додека да добиете изедначена смеса. Со смесата полнете ги јајцата до врв (може и со готварски шприц). На самиот врв ставете малку карамел прелив кој треба да „биде“ жолчка.

 

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote